За Владата не постои граѓански сектор во Источна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/21 10:19 AM

За Владата не постои граѓански сектор во Источна Македонија

Во владината одлука за поддршка на проекти на граѓански организации и фонадции, нема ниту една граѓанска организација од Источна Македонија. Дури и скромна бројка само неколку проекти се на организации што не се од Скопје или Тетово, кои доминираат меѓу избраните 33.

Дури дваесет прифатени проекти се на организации се од Скопје, по што следи Тетово со пет, три се од Куманово и по една од Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп. Само една организација е поддржана од Битола, градот, кој има релативно жив граѓански сектор. За односот на Владата кон граѓанскиот сектор во внатрешноста на државата, фактите зборуваат сами по себе.

Од одлуката објавена во денешниот број на Службен весник,  се гледа дека сите проекти собиваат ист износ од 600.000 денари, без оглед на тоа колку побарале за своите активности.

Меѓу добитниците во  има организации, кои традиционално се поддржани од Владата, како Коалицијата СЕГА, Фајнанс тинк, АДИ од Гостивар.

На последната владина седница Владата ги официјализира резултатите од распоишаниот конкурс, на кој беа прифатени 33 проекти, за што се издвоени 19,8 милиони денари.