Почина Александар Стојановски(45) поранешен директор на клиничката болница Штип. Според информации Стојанов починал на плажа во Грција, каде доживеал масивен инфарк.
Д-р Стојановски е претпоследниот директор на Клиничка болница во Штип, а пред неполна година ја заврши гинеколошката специјализација.
Од Клиничката болница-Штип за ММС ја потврдија веста за смртта на колегата и велат дека се шокирани од трагичната вест и ненадејната загуба.
Според нив докторот водел живот, не бил пушач и немал никакви хронични болести. Оттаму и шокот е голем за смртта на колегата.
По директорскиот мандат ја продолжил работатат на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Штип.