Орхидејата е лесна за одржување – Совети како да преживее во летните денови – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/21 6:00 PM

Орхидејата е лесна за одржување – Совети како да преживее во летните денови

Орхидеите го сакаат сонцето, но прекумерното изложување на сончевите зраци може да биде лошо за нив.

Еве неколку совети што треба да ги имате предвид и како да ги одржувате здрави и убави во текот на целото лето.

Внимавајте на „изгореници“. И орхидеите можат да „изгорат“ од прекумерно изложување на сонце. Знаците дека вашата орхидеја е оштетена од сонцето, може да се видат во промената на бојата на цветот и лисјата. Цветовите и лисјата може да исчезнат, да почнат да венеат, а корените дури и да се исушат.

Блокирајте го пристапот до сонцето. Заштитете ги вашите орхидеи од премногу сонце.

Завесите се добра заштита за орхидеи во внатрешноста на домот затоа што се спречува директно изложување, а истовремено пуштаат и малку светлина. Ако чувате орхидеи надвор, ставете ги под покриени области или во сенка на дрво со бујна крошна.

Контролирајте ја влажноста во домот. Контролирајте ја количината на влага во домот во текот на летните месеци.

Поради високите температури, ова можеби не е толку лесна задача. Иако постојат некои видови орхидеи кои уживаат во околината со 80 проценти влажност, тоа не е случај со повеќето растенија од тој вид. Најдобар начин да им се даде на растенијата доволно влага е да прскате малку свежа вода на лисјата на орхидејата секое утро.

Држете ги подалеку од бубачки. Летото е време кога орхидеите ги напаѓаат буачки. Ако имате заразени орхидеи, се препорачува да ги избришете цвеќето и лисјата со памук натопен во изопропанол.

Побарајте совет од цвеќарницата дали ви треба посилен убиец на бубачки.

 

Извор и фото: Курир.рс