(Видео) Гркот Јанис му донесе титула на Милвоки после 50 години – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/21 8:22 AM

(Видео) Гркот Јанис му донесе титула на Милвоки после 50 години

После 50 години чекање Милвоки стигна до втората шампионска титула во НБА лигата. Во шестиот натпревар од финалната серија подобар во седум меча, „елените“ го совладаа Феникс Санс со 105:98 и со вкупни 4-2 станаа само петтиот тим во историјата на НБА кој стигнал до титулата, а губел со 0-2 на стартот од финалето.

Најдобриот играч на Милвоки, Гркот Јанис Антетокумпо постигна 50 поени и беше најзаслужен за славјето во Милвоки, а одличните партии му ја донесоа и наградата за најкорисен играч на финалната серија.

На прес-конференција после исцрпувачката финална серија, Јанис направи свое шоу со двата пехари во рацете. Откако го бакна шампионскиот трофеј, Јанис му се сврте на помалиот пехар за МВП и му рече:

 

„Не биди љубоморен, ќе се дружиме ние двајца“, најавувајќи дека и следната сезона со Милвоки ќе атакува на втора титула во низа.

Антетокумпо реши да го послуша советот на покојната НБА-легенда Коби Брајант и да остане во градот Милвоки за да изгради околу себе шампионски тим.

Јанис го исполни предизвикот по само две години, а неговите игри беа наградени уште лани кога со Бакс го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА вреден 228,2 милиони долари.