Славниот рапер Канје Вест одржа забава во Лас Вегас, а поводот беше неговиот нов албум кој се вика „Донда“, по неговата покојна мајка.
На забавата тој одбрал една од песните која, според британскиот „Сан“, имало делови за неговиот брак со Ким Кардашијан.
Канје наводно бил емотивно погоден на забавата кога започнала песната „Welcome to My Life“.
Текстот на песната наводно опишува дел од разводот со Ким, како и неговата кандидатура за претседател на Америка.
„Кажете им на атентаторите дека избегав од Калабасас“, гласи стихот во кој Канје наводно го споредува животот дома со Ким и животот во затворот.
-Таа е многу длабока, тажна песна за Канје што го рефлектира неговиот брак со Ким. Тој зборува за децата и споменува како Ким му одзедла сè. Откако започна песната, Канје направи пауза од две минути и плачеше. Беше навистина темно “, изјави извор кој бил на забавата.
Неговата мајка му била голема поддршка во сè, па не е изненадувачки што тој го посвети на неа новиот албум.
Донда, неговата мајка, починала на само 58 години. Бизарните околности на нејзината смрт го прогонуваат нејзиниот син до ден-денес.
Заминала на липосукција да го отстрани на масното ткиво на стомакот и да ги намали градите.
Следниот ден починала во својата куќа поради компликации.
Обукцијата покажала дека нејзиното срце било во лоша состојба и дека поради тоа настанала смртта.
Извор: Еспресо.рс