Две момчиња на четринаесетгодишна и петнаесетгодишна возраст, загинаа во сообраќајна несреќа – соопшти денеска МВР. Несреќата се случила во општина Босилово десет минути по полноќ кога мотоциклот на кој се превезувале сега починатите малолетници се судриле со возило „Алфа Ромео“ со струмички регистарски ознаки управувано од дваесет и осумгодишен струмичанец.
Увид извршила екипа од СВР Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.