Фолк ѕвездата Лепа Брена гостувала во Црвенка, каде што одржала концерт за паметење, а на настапот ја изненадија и нејзината сестра Факета и зетот Зоран.
Колку и значело нивното присуство, покажуваат и фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм, а радоста на лицето на нејзината сестра е повеќе од очигледна.
– Со сестра ми Факета и зетот Зоран на концерт во Црвенка, по 28 години. Добредојдовте – стои во описот на фотографијата, а воодушевените обожаватели коментирале дека Брена се однесувала како да ќе заплаче.
Покрај својата сестра Факета, Лепа Брена има и постар брат Фарук, кој и стана познат на јавноста со учество на натпреварот „Никогаш не е доцна“.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Инстаграм