Група граѓани на општина Тетово ќе настапат со заедничка листа на независни кандидати на претстојните локални избори. Во Иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30-ина активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области, кои се одлучиле да го дополнат нивното вонинституционално делување.
-Ние сме денеска тука за да ви ја презентираме нашата иницијатива за кандидирање и листата за Советот на општина Тетово на локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Ние сме луѓе од граѓански сектор, луѓе со различни професии. Знаеме во каква состојба се наоѓа нашето Тетово, колку е деградирано и ние сакаме да ги претставиме сите проблеми внатре во Советот на општина Тетово, рече Хамди Сулејмани, граѓански активист. на денешната прес-конференција.
Иницијативата #Подобро за Тетово е називисна од политичките партии и ќе се залага за заштита на интересите на граѓаните, истакнаа активистите.
„Ние сме отворени за сите граѓани на Тетово кои се истомисленици на нашата иницијатива. Важно е сите тие кои мислат како нас и сакаат промена во општеството и во самата општина да ни се придружат. Многу е важно дека самите граѓани ќе се совпаднат со нашите вредности, кои се пред сè отчет и транспарентност, но и други области,’ истакна Мерита Максути.
Од Иницијативата #Подобро за Тетово упатија покана до сите граѓани за здружување за општо добро.