Александар Н. (28) се товари за два обиди за убиство. Од сплитската полиција информираа дека ја завршиле истрагата и дека против него ќе поднесат кривична пријава за споменатите дела.
Од Полицијата информираат дека тој е осомничен оти во саботата околу 7 часот утрото ја удрил со шише во главата Невенка М. (52) во ресторан на плажата Фирбула. Кога жртвата паднала на подот, тој продолжил да ја удира со тупаници во главата и вратот.
Напаѓачот бил запрен од туристи, но набргу заминал и кај својата следна жртва.
Околу половина час подоцна, според полицијата, другата жена (40) ја удрил неколку пати со камен во главата по тилот. Потоа продолжил да ја удира и со тупаница во главата.
фото-фб