Во Северна Ирска денес се измерени 31,2 степени, што е највисока температура досега забележана во тој дел на Велика Британија, објави Би-Би-Си.
Канцеларијата за метеорологија на Обединетото Кралство објави дека биле измерени 31,2 степени во 15:40 часот во Баливатикок во округот Даун.
Температурниот рекорд во Северна Ирска досега беше 30,8 степени, мерен двапати – во 1976 и 1983 година.