Државата доби највисока оценка во регионот за транспарентност и достапност на буџетски документи, соопштија од МФ – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/21 5:42 PM

Државата доби највисока оценка во регионот за транспарентност и достапност на буџетски документи, соопштија од МФ

Државата доби највисока оценка помеѓу земјите во регионот во однос на транспарентноста и достапноста на буџетските документи, објави на својот „Фејсбук“ профил Министерството за финансии.

-Транспареност и достапност на буџетските документи со највисока оценка споредено со земјите во регионот, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика. Преземени се значајни чекори за подобрување на управувањето со јавни финансии во земјата, а најзначајни се: Апликацијата Граѓански буџет, Порталот Отворени финансии, Алатката Капитални расходи и Алатката за јавен долг, стои во краткото соопштение на МФ.

Годишниот извештај за извршување на буџетот, извештаите за извршување на буџетот во тековната година и полугодишните извештаи за извршување на буџетот се достапни на интернет страницата на Министерството за финансии.