Вчера од страна на полициски службеници на пунктот кај наплатната станица „Отовица“, лишен од слобода е М.Ж (36) од Скопје, лице барано по распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправното установа Затвор-Куманово, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден М.Ж е спроведен и предаден во затворот.