Постојат ретки случаи при кои жените се породуваат во такси возила или на јавни места. Сепак, ситуацијата при која една жена од Тексас се породила на бензинска пумпа е регистрирана на видео снимка, која пак стана хит на интернет.
Се движите по автопат и уживате во патувањето, а веќе во следната минута раѓате во тоалетот на најблиската бензинска пумпа. Звучи како филмско сценарио, но всушност тоа му се случило на еден пар од Тексас кој патувал кон својот дом, по посетата на едно семејство во соседната држава.
Кејтлин Фулертон Манкер мислела дека има лажни породилни болки. Почувствувала потреба да оди до тоалет, па го замолила сопругот да застане на најблиската бензинска пумпа, но тој не ни претпоставувал дека тоа ќе биде местото на кое таа ќе го роди нивното дете.
„Почувствував притисок како да морам да одам до тоалет, веднаш штом застанавме ми пукна водењакот“, раскажала таа за ABC13.
Таткото на детето го снимил неверојатниот момент кога неговата сопруга излегувала од тоалетот со бебето в раце, а потоа го објавил на ТикТок. Целата таа приказна набргу станала вирална.
@thesergiomancera @mancerakaitlyn this is going to be a story to tell one day😭😂 #naturalbirth #laboranddelivery #foryou #DontSpillChallenge #fypシ #houstontx #Houston
„Бев на паркингот, зборував на мобилен телефон и одеднаш ми пријде една од вработените и ми кажа дека мојата сопруга штотуку се породила. Го зедов постарото синче и истрчав да видам што се случува. Не можев да им поверувам на очите“, раскажал тој. Веднаш по ова, мајката и бебето се пренесени во локалната болница. Кејтлин ова свое искуство го споделила на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Никогаш во животот не сум била погорда. Стоев сама во тоалетот и се породив. Најдобрите работи се случуваат во неочекувани моменти“, наведува таа во објавата.
Извор: b92.net