Иако со денови се шпекулираше во кошаркарските кругови дека поранешниот српски репрезентативец ќе биде дел од „револуцијата на Обрадовиќ во Партизан“, сепак искусниот бек реши да се врати во салата „Морача“.
Владимир Мицов и официјално стави потпис на едногодишен договор со црногорски Будуќност и од следната сезона повторно ќе го облече дресот кој го носеше во периодот од 2005 до 2009 година, потврдија на клупскиот веб-сајт на црногорскиот шампион.
Како кошаркар на ЦСКА Москва и Армани Милано, Мицов во три наврати беше дел од фајнал-форот на Евролигата. Освен во Русија и Италија, триесет и шестгодишниот играч има настапувано и за Галатасарај, Канту, Паниониос, Партизан и Басконија.
Според засилувањата и плановите за кампањата 2021/2022, во АБА лигата се очекува вистински спектакл и борба за титула помеѓу Партизан, Црвена Ѕвезда и Будуќност. Црногорците покрај Мицов, го зајакнаа ростерот и со Џејкоб Вајли, Един Атиќ, Марко Јагодиќ Куриџа и Игор Дробњак.
Фото:
republika.rs