Ако не сакате да поминувате многу време во кујна, но и да не ја вклучувате рерната, тогаш десертите без печење се идеално решение. Пробајте ја оваа овошна торта, сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
300 гр бисквити
400 мл сок од портокал
250 гр путер
300 мл млеко
200 гр шеќер
160 гр пудинг од ванила
500 мл слатка павлака
20 гр крем фикс
100 гр шеќер во прав
600 гр малини
100 гр шеќер
20 гр желатин
Подготовка:
Натопете ги бисквитите во сок и наредете ги во калап. Истурете го млекото во тенџере, додадете шеќер и пудинг и варете додека не се згусне. Изматете го путерот, па додадете го во пудингот и соединете. Истурете го филот врз бисквитите и ставете го во фрижидер еден час. Изматете ја слатката павлака со шеќер во прав и крем фикс, па прелијте преку филот од пудинг.
Гответе ги малините со шеќерот, па соединете ги со маталки од миксер. Исцедете и додадете го желатинот што претходно сте го измешале со вода и промешајте. Прелијте преку изматената слатка павлака. Ставете во фрижидер околу еден час.
Извор: Информер.рс