Во белградската општина Врачар, денес се сруши зграда лоцирана на парцела до сегашно градилиште. Се претпоставува дека зградата започнала да се руши бидејќи нејзините темели најверојатно биле поткопани од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.
— Kineskikolacic (@Kineskikolacic) July 16, 2021
Српските медиуми јавуваат дека во оваа катастрофа неколку граѓани останале без покрив над главата, практично без сè што создавале цел живот.
Мајка на една од станарите за српските медиуми изјавила:
– Дојдов, влегов внатре со луѓето што работат таму и веднаш забележав дека ѕидовите внатре пукаат. Низ целиот стан. Тие објаснија дека станува збор за мало тресење и дека сè ќе се поправи. Поминаа 15 минути и ми рече дека ги евакуирале сите од зградата, изјавила таа.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјавил дека градот издвоил пари за сместување за луѓето кои останале без покрив над главата.
– Пет семејства беа сместени во хотелот Славија, додека две семејства најдоа сместување за себе. Градот обезбеди пари за семејствата и нивниот престој во хотелот, сè додека не се расчисти ситуацијата, изјавил Весиќ за србијаданас.рс.
Тој исто така додал дека инвеститорот, поради чија работа и била оштетена зградата, му се слошило веднаш штом ја слушнал веста и отишол во болница.
Претседателот на куќниот совет веќе неколку дена ги молел да престанат да работат, бидејќи поради нив ке им се сруши зградата, но не го послушале.
Фото/Видео: република.рс/ новости.рс