Црна Гора ги части вакцинираните по 50 евра – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/21 9:35 PM

Црна Гора ги части вакцинираните по 50 евра

Владата на Црна Гора ќе додели ваучери за туризам во износ од 50 евра на сите граѓани постари од 50 години кои ја примиле првата доза на вакцината во текот на месец јули, соопшти Министерството за економски развој.

Од овој оддел објасниле дека од крајот на јули, носителите на ваучери ќе добијат СМС со порака во која ќе биде назначено каде и во кој временски период можат да го користат ваучерот, како и детали во врска со резервација во хотели, пишува „Вијести“.

„Во оптек се хотелите во Улцињ и ривиерата во Будва, како и Институтот Симо Милошевиќ, кој ќе ги направи достапни своите сместувачки капацитети од крајот на август, а корисниците на ваучери ќе добијат услуга од две ноќевања на база на полупансион, се вели во соопштението.

Тие посочиле дека само носителите на ваучери ќе можат да го користат сместувањето во хотелот.

Апелирале до граѓаните да ја сфатат важноста на вакцинацијата и да дадат свој придонес во овој процес.

Извор: Нова.рс