Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.
Ахмети и Брнз разговараа за неодамнешната извршна одлука на американскиот претседател Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија.
Ахмети истакна дека Демократската Унија за Интеграција целосно ги поддржува одлуките на претседателот Бајден, кои вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски институции.
Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ.
Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети.
Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја истакна потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата.
Соговорниците разговараа и за 20-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор како успешно заедничко достигнување.