Од вчера попладне активен е голем шумски пожар над село Белица бродско. Од огнената стихија зафатена е борова шума и поради тешко пристапниот терен, постои опасност од негово проширување.
– Веќе втор ден над село Белица бродско беснее голем шуски пожар. Опожарена е површина обрасната со борова шума и поради тешко пристапниот терен е, речиси невозможно да се интервенира од земја. Причината за овој пожар се уште не е утврдена, но се работи за човечки фактор или гром кој го поттикнал овој пожар, рече Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски брод, најавувајќи скорешна интервенција на пожарот со авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.
-Поради тешко пристапниот терен и големата одалеченост, невозможно е од земја да се интервенира на овој пожар. Затоа стапивме во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување , тие да интервенираат од воздух со авионите со кои располагаат за гасење на пожари на тешко пристапни терени, додава градоначалникот.
МИА