Во текот на летото, посебно сме изложени на сонцето и сончевото зрачење, а веќе знаеме дека UV зраците многу штетно влијаат на нашата кожа, но што знаеме за инфрацрвеното зрачење?
Инфрацвеното A зрачење кое го емитува сонцето е поопасно за кожата од UV и UVB зрачењата. Освен што подлабоко допира до кожата, исто така тие претставуваат третина од вкупните сончеви зрачења, додека UVA и UVB сочинуваат седум отсто од сончевиот спектар.
Опасноста од оштетување на кожата кои ги предизвикуваат UVA и UVB зраците добро е позната. Лекарите со години предупредуваат дека во летниот период треба да се штитиме со квалитетни креми или лосиони со минимум 30 –ка заштитен фактор. Исто така важно е да обрнеме внимание на составот на кремите, на кои треба да биде нагласено дека содржат ефикасни и фотостабилни UVA и UVB филтри, но и клеточен активен комплекс на антиоксиданси кои ја штитат кожата од инфрацрвениот зрак (IR – A).
За разлика од ултравиолетовите зраци кои ја оштетуваат клеточната мембрана, IR – A зраците поминуваат низ келиите, поради тоа доаѓа до структурни промени во колагенот, што дополнително го убрзува стареењето на кожата.
Дерматолозите предупредуваат дека инфрацрвеното зрачење четири пати е посилно и штетно од ултравиолетовото зрачење и доведува до многубојни и долготрајни оштетувања на кожата. Дури и продира најдлабоко во кожата, предизвикувајќи бројни оштетувања на ДНК со што директно се зголемува ризикот од појава на рак на кожа. Доколку сакаме да ја заштитиме нашата кожа на вистински начин, во текот на топлите денови не би требало да се изложуваме на сонцето во попладневните часови, а дополнителната заштита секако е задолжителна, доколку пак се изложувате на сонце.
Најважно е да одберете адекватна заштита со висок заштитен фактор од IR –A зрачењето. Со оглед на тоа дека сончевите зраци се најсилни од 10 до 17 часот, во тој период треба да одбегнувате сонце кога е тоа можно.
Кремата за сончање се нанесува на сите делови од кожата десетина минути пред да излезете на сонце. Иако правилно ја имате нанесено кремата која ве штити од сончевото зрачење, користете и од останатите заштитни средства како очила за сонце, шешир, чадор и со себе секогаш носете шише со вода.