Непушачите ќе добијат десет денa подолг годишен одмор – Нови мерки за заштита на здравјето во Русија – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/21 8:10 AM

Непушачите ќе добијат десет денa подолг годишен одмор – Нови мерки за заштита на здравјето во Русија

Член на Јавната комора на Русија, Султан Хамзаев, објави поголем број денови на годишен одмор за непушачите. Тој со овој предлог испрати писмо до премиерот на Русија, Михаил Мишустин.

Во своето обраќање, Хамзаев истакна дека пушачите губат и до 60 минути на ден или околу 20 работни дена во текот на една календарска година, пишува Спутник.
Тој изјави дека сите трошоци поврзани со вработените пушачи мора да ги сноси работодавачите и државата.

„Предлагам да се разгледа можноста за воведување во Законот за работни односи на Русија, правата на вработените кои не пушат, на дополнителни десет дена годишен одмор годишно“, се вели во писмото.

Хамзаев додаде дека ова ќе ги мотивира пушачите да се откажат од оваа зависност.

Од 1 јануари 2021 година, руските власти забранија пушење во медицински установи, трговски центри, бази и магацини. Овие правила беа воведени на 25 септември 2020 година, во согласност со документот “За утврдување на правилата на противпоѓарен режим”.

Единствен исклучок се местата кои се специјално предвидени за пушачи во согласност со рускиот закон. Зоните за пушење мора да бидат посебно обележани со знакот „Место за пушачи“.