Иран и САД преговараат за размена на затвореници – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/21 3:54 PM

Иран и САД преговараат за размена на затвореници

Портпаролот на иранската Влада, Али Ребии, истакна дека со Соединетите Американски Држави (САД) преговараат за прашањето за размена на затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информацијата на иранската државна телевизија, Рабии на прес-конференцијата одржана во главниот град Техеран дал изјава за можната размена на затвореници со САД.

Ребии истакна дека Техеран ќе ослободи некои државјани на САД приведени во Иран, за возврат на враќањето на иранските „политички затвореници“ притворени во САД или приведени во која било земја по барање на САД.

„Нашите подготовки ѝ ги пренесовме на претходната администрација на САД, но американската администрација беше таа што одби да седне на преговарачката маса и инсистираше Иранците да ги зема како заложници“, рече портпаролот Ребии.

Посочувајќи дека пристапот на американскиот претседател Џо Бајден кон ова прашање е позитивен, Ребии нагласи: „Преговорите за ова прашање продолжуваат. Ако во преговорите се постигне заклучок, иранските затвореници ќе бидат ослободени и ако бидат обезбедени интересите на нашата земја, во наредните денови ќе добиете информации.“

Во САД приведени се ирански државјани под обвинение за кршење на санкциите. И претходно биле извршени размени на затвореници меѓу двете земји.

Последен пат поранешен американски војник затворен во Иран и ирански научник затворен во САД беа ослободени истовремено во јуни 2020 година.