Славејот на македонската народна песна, Наум Петрески реши засекогаш да го смени имиџот. Наум, кој со децении го гледавме со куса и залижана фризура сега веќе не е таков. Тој во една прилика за ММС изјави дека како фатила короната, така и тој решил да го смени имиџот, па сега, со оваа фризура и се вратил на младоста.
-Додека траеше пандемијата минатата година и немав настапи, постојано си седев во Струга, уживав крај езерото, си ловев риби. Токму тоа ми помогна и повеќе да пешачам и да намалам од килограмите. Но, во таква опуштена атмофера човек се опушта сосема. Како што нема настапи, нема потреба секој ден да се мести косата па решив да сменам малку. Ептен ми порасна долга ама без ред, па кога отидов мојата стилистка Весна од „501“ ми рече: „Каде си трнал со живава ограда“. И ме седна на столче и ме среди. Сега имам корона фризура, изјави неодамна во негов стил Наум.
Но, таа промена во фризурата на Наум не беше краткотрајна, бидејќи, како што вели, веќе никогаш нема да биде со куса фризура.
-Мојата фризура се вика „глуварче“. Хахахах… Смешно е ама мене „најповеќе“ ми се допага. Вака ја носев до пред војска и после се стрижев и откако завршив со војкската не ја сменив. Никогаш не ја напуштив кратката коса. Ама ете дошло време за промена. Вистина кога фати короната седејќи дома почна косата да расте без форма, како жива ограда. Ама ја средив и сега одам само на потстризуванке. Мене ми се допаѓа оваа, како што велам јас, глуварче фриз. Ме враќа во младоста, вели Наум и додава:
-Иако не се чувствувам стар. Да, имам бели влакна ама тоа не е страшн о, ниту, пак, значи старост.
Не планирам да ја бојадисувам косата, сега имам по некое бело влакно ама и да имам „пијке“ достојно ќе си ги носам, рече Наум за ММС.
(В.М.)