(ВИДЕО) Де Роси знае како да прослави европска титула – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/21 2:01 PM

(ВИДЕО) Де Роси знае како да прослави европска титула

Италијанците по вторпат во историјата ја покорија фудбалска Европа, откако вчеравечер по пенал-рулетот го совладаа домаќинот Англија на „Вембли“ и се погрижија фудбалот наместо дома, да се врати во Рим.

Играчите, навивачите на стадионот и во Италија, како и целиот стручен штаб, составен од звучни имиња како Џанлука Виали и Даниеле Де Роси, еуфорично и на многу иновативни начини го прославија историскиот трофеј.

Некој ја пееше фамозната „It’s coming home“ со малку поразличен и адаптиран текст, некој истрча веднаш помеѓу фановите на трибините, а некој пак, како што е поранешниот капитен на Рома и италијански репрезентативец, реши да ја претвори масата во соблекувалната на „Вембли“ во мини-тобоган.

Фудбалерите на „аѕурите“ го подготвија добро влажниот терен и сцената беше поставена за иконата на Рома.

 

Единствениот пат кога Италија се впиша во историјата како првак на Европа беше 1968 година. Организаторите на турнирот на „Олимпико“ во Рим ја совладаа Југославија со 2:0 после „репризата“ на финалето. Спектакуларната победа против „Гордиот Албион“, ја искачи Италија на листата веднаш до Франција со освоени два трофеи, еден помалку од Германија и Шпанија.

 

 

 

 

Фото:

chiesaditotti.com

 

[д.ј]