Драматичен исход со изборниот резултат во Бугарија. „Има таков народ“ победи на предвремените парламентарни избори. Преброени се 98,92% од протоколите доо 13:30 часот.
Нивниот резултат е 23,91% од гласовите. Следи коалицијата ГЕРБ – УДФ со 23,69%. Третата парламентарна сила во 46. Национално собрание ќе биде БСП со резултат од 13,51 процент. „Демократска Бугарија“ ја зазема четвртата позиција со 12,56 проценти од гласовите.
МРФ зазема 10,66% од гласовите. “Стани! Излези! “ има резултат од 5,03%.
Се очекува до четврток да станат јасни мандатите.
Извор: novini.bg