Залутан куршум во двор во село Драчево пријавиле граѓаните вчера во полициска станица, за сличен таков случај полицијата во денешниот билтен информираше и во с.Стопански Двор каде на влезната врата од балконот удрило заталкано зрно.
„Вчера во 15:45 часот М.А.(45) од Скопје пријавил дека на место викано „Геран” атар на с.Драчево во двор од викенд куќа, во базен,, паднало залутано зрно.Вчера во 17:09 часот С.К.(69) од Скопје, пријавил дека околу 16:30 часот во с.Стопански Двор на влезната врата од балконот удрило заталкано зрно“, информираат од МВР.
И во двата случаи нема повредени лица, а од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.