Две возила со марка „форд фокус“ и џип „туарег“ денеска се судрија на фркфентното место во Штип, Сењак. Според првичните информации возачот од „форд фокусот“ се здобил со повреди во главата и градниот кош, додека возачот на другото возило бил со повреди во вратот.
Оваа раскрсница веќе подолг период е маркирана како ризична, бидејќи токму на ова место досега се случиле повеќе сообраќајни несреќи.
Двајцата возачи се тестирани на алкотест кој покажал дека учесниците во сообраќајната несреќа не биле под дејство на алкохол. Увидот на местото траел три часа, а возилата се отстранети од улицата.