Ковид статистика: Нема починати, 14 нови случаи и двајца оздравени – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/21 12:32 PM

Ковид статистика: Нема починати, 14 нови случаи и двајца оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје  и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 184.

Досега во земјата се направени вкупно 909.405 тестирања на Ковид-19.