Танчерки од Русија, Украина, Албанија и Македонија приведени во тетовски угостителски објект – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/21 9:47 AM

Танчерки од Русија, Украина, Албанија и Македонија приведени во тетовски угостителски објект

Девет танчерки кои забавувале гости во тетовски угостителски објект се приведени како и сопственикот на објектот. Девојките биле три руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија и четири државјанки на Република Северна Македонија, информираат од МВР.

„На 10/11.07.2021 година во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ“, стои во билтенот на МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.