Децата стануваат агресивни кога ќе се слушнат со Душан: Тања Савиќ барала совет и од психолог – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/21 11:27 AM

Децата стануваат агресивни кога ќе се слушнат со Душан: Тања Савиќ барала совет и од психолог

Драмата во домот на пејачката, Тања Савиќ не престанува, иако по речиси една година разделеност, таа повторно е со синовите Максим и Ѓорѓе. Имено, нејзиниот се’ уште законски сопруг Душан Јованчевиќ неодамна се огласи преку медиумите со обвинување дека Тања им забранува на децата да контактираат со него. Тој покажа и дел од преписките во кои синовите се жалат од својата мајка и тврдат дека, наводно, се несреќни покрај неа.

„Уживам со своите деца и единствено тоа ми е важно. Душан не ме интересира“, изјави Тања не криејќи ја лутината што ја чувствува кон него.

„Тој се обраќа преку медиумите, а не е јавна личност. Не сакам да му давам на значење на еден таков човек. Докажав која сум и што сум и тоа ми е важно, а тој не ме интересира“, истакна пејачката за српски АЛО додавајќи дека не сака јавно да влегува во кавга со наскоро, поранешниот маж.

„Не сакам ова веќе да продолжува. Во јавноста изгледам како најголема трачарка, а јас тоа не го сакам. Само сакам да сум среќна со своите деца и сега уживам во нив“, истакна Савиќ која не крие дека на децата им забранила да контактираат со својот татко.

„Децата не контактираат со него бидејќи така се многу подобри и помирни. Штом ќе се слушнат со него стануваат агресивни и почнуваат да фрлаат предмети низ дома. Засега им го ускратив секој контакт бидејќи така е најдобро, а на ова ме советуваше и детски психолог“, посочи таа.

„Каква мајка би била јас кога би дозволила децата да ми пропаѓаат пред очи, а јас да не реагирам и да ја игнорирам нивната агресија“, истакна Тања па објасни и зошто зборовите на Душан немаат тежина.

„Тој нека продолжи да си го раскажува своето, тој докажано е наркоман“, додаде Тања.

Душан пак, неодамна се огласи тврдејќи дека со децата има пријателски однос и дека ги сака толку многу што е подготвен повторно да ги киднапира.

„Секако дека ми недостасуваат Максим и Ѓорѓе, тие се мојот живот, поради нив постојам. Кај мене не постои граница за она што би можел да го направам за семејството. Дури и би ги киднапирал децата од мајка им“, ја шокираше тогаш јавноста со својата изјава, Јованчевиќ.

 

Извор: telegraf.rs