Денеска по 16 часот изменет сообраќаен режим во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/21 9:12 AM

Денеска по 16 часот изменет сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска, во периодот од 16.00 до 20.00 часот, поради снимање филм, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„Козара“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.