Во последниве години, класичните биографии со кои кандидатите се претставуваат пред потенцијалните работодавци се заменети со други форми на деловни биографии.
Социјалните мрежи веќе се покажаа како добар начин за да најдете работа. Бројни корисници, благодарение на сопствениот „бренд“ на социјалните мрежи, најдоа работа што тешко можеа да ја најдат на класичен начин.
Затоа, не е изненадувачки што ТикТок, кој го започна пилот-проектот „TikTok Resumes“, се вклучи во целата приказна за наоѓање работа.
Идејата е да се поврзат младите кои користат ТикТок со големите компании кои се присутни на таа мрежа и да ги презентираат на потенцијалните работодавци на начинот што е најприроден за нив – преку кратко видео.
Според податоците на корисниците, повеќе од половина од корисниците на ТикТок се на возраст под 24 години. Тоа е најголем удел на млади луѓе на социјална мрежа. За споредба, LinkedIn има помалку од 20 проценти од таквите корисници.
Корисниците ќе имаат можност да ги достават своите видео биографии до крајот на јуни, а дали проектот ќе постои после тоа, зависи од интересите и на корисниците и на работодавачите.
ТикТок им порача на заинтересираните да ги „покажат своите вештини и искуства креативно и автентично“ и го користат хаштагот #TikTokResumes при објавувањето на видеото.
Дека ова може да биде хит на ТикТок покажува и фактот дека видеата обележани со #TikTokResume беа прегледани повеќе од 46 милиони пати во првите 24 часа.
Засега, само компании и корисници од САД се вклучени во овој пилот проект.
Преземено од: https://www.kurir.rs/