Полицијата приведе криминалец баран со потерница за 20 години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 8:56 PM

Полицијата приведе криминалец баран со потерница за 20 години затвор

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода, денес околу 19:00 часот го привеле А.А (37) од скопското село Мојанци, за кого била распишана потерница од Основен Кривичен Суд – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето се барало за идржување казна затвор од 20 години поради извршено убиство и ќе биде предадено на казнено поправна установа.