Околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк, наjaви Заев – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 6:04 PM

Околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк, наjaви Заев

Условите и студентскиот стандард се унапредуваат, а околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк, напиша премиерот Заев на својот „Фејсбук“ профил.

-Финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети. Мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети, најави Заев.

Тој додаде дека и во услови на пандемија Владата покажала грижа за студентите, креирајќи мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина.