Го нема веќе тој префинет вкус на препознавање на хуморот – Јордан Ѓорчев промовираше две збирки со карикатури – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/21 1:42 PM

Го нема веќе тој префинет вкус на препознавање на хуморот – Јордан Ѓорчев промовираше две збирки со карикатури

Каракатуристот Јордан Горчев ја промовираше своите две книги,„ My way1“, „My way 2“,  кои имаат цел и да ве насмее и да ве опушти. На промоцијата неговите колеги и пријатели беа воодушевени од ова дело на Јордан и изјавија дека Ѓорчев секогаш се двоел по неговиот стил од другите каркатруирсити и дека овие дела ќе останат долго да се читаат од генерација на генерација.

-Сите ние што се занимаваме со карикатура важи едно правило, се што насликав или напишав го ставив во книга.  Јордан јас сум воодушевен и немам зборови од ова што го видов денеска. Јордан е еден од каракатуристите што јас капа му симнувам затоа што уште како млад создаде свој стил на изразување. Сите ние можеби лутавме додека да го најдеме својот стил, тој најде свој препознатлив стил кој го знаеме уште од млад,  рече Миле Манчев познат активен каракатурист во Македонија.

Ѓорчев на промоцијата рече дека  Македонија за жал беше веле сила во каракатурата, но веќе не е, и тоа има длабоки причини затоа што каракатура пред се е новинарска секојдневна акивност или барем неделна.

– Сега социјалните мрежи успеаа да бидат достојни каде што можат да се објавуваат карикатурите, а сега излезе дека не само што се достоинствени туку и единствени каде се објавуваат. За жал во Македонија за таа култура се изгуби атомосферата не само кон оние кои творат туку се изгуби и читателската публика. Односно префинетата читателска публика за карикатурата и за хуморот, рече Јордан.

Тој истакна дека понекогаш знае да доживее разочарување кога погрешно ќе биде разбрана неговата карикатура и жали што нашата јавност го нема веќе тој префинет вкус на препознавање на хуморот и добрите одговори.

-Во овие 100 години се е направено се е смислено, но добра идеја е и старите карикатури да можеме да ги модифицираме и да им дадеме мала финеса и тие повторно да станат оригинални, изјави Ѓорчев на неговата промоција на двете книги.