Главната јужнокорејска разузнавачка агенција соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ги извршува своите должности нормално, отфрлајќи ги гласините дека се онесвестил поради здравствени проблеми.
Во текот на денот се прошириле гласини дека Ким неодамна изгубил свест откако доживеал крварење во мозокот и дека бил тргнат од власта со државен удар предводен од неговиот братучед Ким Пионг-ил.
-Можеме да потврдиме дека шпекулациите за здравјето на Ким се неосновани, се вели во соопштението на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС), пренесува Јонхап.
Според јужнокорејското разузнавање, Ким претседавал со состанокот на Политбирото во текот на целиот ден на 29 јуни и нормално ги извршувал сите државни работи како нејзин лидер.
WATCH: Before-and-after videos show that North Korean leader Kim Jong Un noticeably lost weight. On Sunday, the country’s state media offered a rare public segment on it, although Ithe reason for the weight loss is unclear https://t.co/RhQEqL7dXH pic.twitter.com/0qxYvitxrS
— Reuters (@Reuters) July 4, 2021
Извор и фото: Курир.рс