Бурното лето на Партизан и Обрадовиќ продолжува, Родионс Курукс е четвртото засилување на црно-белите – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 9:11 PM

Бурното лето на Партизан и Обрадовиќ продолжува, Родионс Курукс е четвртото засилување на црно-белите

Тлото не мирува во црно-белиот дел на кошаркарски Белград во изминатите две седмици. Партизан прво го ангажираше Жељко Обрадовиќ за нов предводник на стручниот штаб, а потоа почна со изградба на тимот за сезоната 2021/2022 во домашното првенство, АБА лигата и Еврокупот.

Поранешниот НБА кошаркар на Милвоки Бакс, Бруклин Нетс и Хјустон Рокетс, Родионс Курукс, денес потпиша двогодишен договор со Партизан. Летонското крило ќе се обиде да ја „врати во живот“ својата професионална кариера во Европа и тоа ни повеќе, ни помалку, под палка на најголемиот и најтрофеен европски стратег.

На вкупно 131 меч во најсилната светска лига, Курукс во просек играше по 16 минути по натпревар и забележа шест поени и 3,1 скокови.

Во изминатите 48 часа, белграѓани ангажираа уште тројца играчи. Двајца од редовите на учесникот на овогодинешниот фајнла-фор во Евролигата, Армани Милано и еден исто така од италијанското првенство. Кевин Пантер, Зек ЛеДеј и Алекса Аврамовиќ, ќе му помогнат на заспаниот великан да се врати на победничките патеки и на врвот на кошаркарска Европа.

Фото:

Twitter