Јамајка планира да побара репарација од британската кралица за ропството – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 8:42 PM

Јамајка планира да побара репарација од британската кралица за ропството

Карипската држава Јамајка планира да побара отштета за ропството од кралицата Елизабета Втора поради улогата на Велика Британија во трансатлантската трговија со робови, изјави министерката за култура на Јамајка, Оливија Гранџ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гранџ рече дека на британската кралица ќе ѝ биде презентирана петиција со која ќе се бара репарација поради ропството за сите граѓани на Јамајка.

„Особено задоволство ни е да објавиме дека направивме понатамошни чекори кон барање репаративна правда за жртвите и потомците на трансатлантската трговија со робови“, рече таа.

Барањето репарација за ропството е поддржано и од опозициската партија во земјата, Народната национална партија (ПНП).

Јамајка е дел од британскиот Комонвелт и британската кралица официјално има титула кралица на Јамајка.