Ништо од очекуваното и посакувано финале помеѓу двајцата најголеми тенисери во историјата на играта. Иако ждребот убаво „се отвори“ за да неутралните љубители на тенисот можеби и за последен пат посведочат на дуел на „Вимблдон“ помеѓу Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ, младиот полски тенисер Хурбер Хуркач мислеше поинаку.
Тој во 1/4 финалето на Гренд Слемот во Лондон, не само што го порази Швајцарецот, туку го засрами со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 6:0) и го испрати најверојатно во предвремена пензија.
Осумнаесеттиот на АТП листата за неполни два часа го декласираше Федерер на главниот терен. Во првиот сет Хуркач најави дека неслучајно се наоѓа помеѓу осумте најдобри и со добра игра и два брејка за 4:2 во гемови, го оконча воведниот сет во добар манир.
Вториот сет швајцарскиот тенисер до одигра постабилно, недозволувајќи му на опонентот да се „одлепи“. Сепак, на тај-брејк, дваесет и четиригодишниот полски играч го удвои водството на незадоволство на публиката на трибините.
Во третиот сет, на Федерер му се случи нешто што многу ретко во својата богата професионална кариера го има почувствувано. „Чистка“ од 6:0, без ниту еден освоен гем.
Хуркач сега во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двоецот Беретини и Аугер-Алиасиме.
Фото:
Twitter /@Wimbledon