Градежните работници поради високите температури најчесто бараат медицинска помош – Пекол и во наредните денови – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 3:10 PM

Градежните работници поради високите температури најчесто бараат медицинска помош – Пекол и во наредните денови

Само по неколку дена стабилизирање,  високите температури повторно се вратија во државава. Според најавите на УХМР од утре се очекуваат 40 степени, а УВ зрачењето ќе биде 8-9.  Топлотниот бран, кој веќе длабоко е навлезен на Балканот и се највува портокаловата фаза, ќе го има и кај нас.

Овие жештини, секако не се погодни за здравјето на лугето, па поради тоа ММС побара информација и совет од првиот човек на  Брзата помош, директорката Милица Бубало.

-Бројот на повиците за Брза помош поради високите температури од обичните граѓани засега не е зголемен. Повеќе има повици за помош на лица кои на овие жештини работат на градежни објекти. Тие се најголемиот број, кои денес побарале совет од докторите од Брзата помош поради топлото време. За разлика од претходните денови намален е бројот и на тие кои колабирале. Исто така најчести повици во Брзата помош се лица кои се пожалиле на болки во стомакот и дијареа што најверојатно поради стомачниот вирус,  кој, пак, исто така е резултат на топлото време, изјави директортка на Брзата помош, Милица Бубало  за ММС.

Таа за ММС рече дека за да се заштитиме од високите УВ зраци треба да ги почитуваме  вообичаените совети.

-Да не излегуваат надвор веднаш од климатизирани простории, да пијат повеќе течности, да носат светла гардероба, да не се пијат алкохолни пијалоци, да не се јаде мрсна храна и секако да се избегнува изложување на сонце од 12 до 17 часот. Секако и особено да се внимава каква храна се конзумира за да не дојде до труење, додаде таа.

УХМР покрај актуелното предупредување на неповолната верменска состојба, а тоа е температурата која ќе достигне до 40 степени,  информира и дека истото време ќе продолжи и следните три дена, со тоа што во попладневните часови е е можно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и ветер.  Дури во петок се најавува температурите да опаднат за два степени.

 

Весна Петровска