(ВИДЕО) Еруптираше Етна, затворен е главниот аеродром на Сицилија – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/21 10:44 AM

(ВИДЕО) Еруптираше Етна, затворен е главниот аеродром на Сицилија

Аеродромот Катанија на Сицилија беше принуден да ги прекине летовите во средата откако Етна избувна и ја покри пистата со вулканска пепел, соопштија од аеродромот.

Авионите не можеа да полетаат или слетуваат утрово, рекоа на аеродромот.

Етна еруптираше неколку пати во последните неколку недели, но извештаите за штети или повредени се ретки.

Повремено паѓа пепел и стаклата на прозорците пукаат од татнежот на вулканите за време на ерупциите.

Етна, висока 3.300 метри, во последните денови исфрла лава и пепел, претежно од нејзиниот југоисточен кратер, според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV).

Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна.

Вулканот исфрли пепел висок пет до 10 километри, се вели во извештајот на ИНГВ.

Преземено од: https://www.index.hr/
Фотографија: GlobalNews