Данска и Англија утре во вториот полуфинален дуел, на „Вембли“ ќе се обидат да закажат финале на ЕУРО 2020 со подобриот од Шпанија и Италија. Данците за втора, прва по приближно три децении, додека пак Англичаните за прв титула европски првак во својата историја.
Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, на прес-конференцијата во пресрет на натпрвеварот, на новинарско прашање поврзано со потенцијалната титула на Англија на овогодинешниот турнир и фамозното „It’s coming home“, позната фудбалска фраза на Островот извлечена од легендарната навивачка химна oд Three Lions – Football’s Coming Home, имаше поприлично интересен и циничен одговор што нема да им се допадне сигурно на фановите на Гордиот Албион.
Kasper Schmeichel’s response when asked what it would mean to stop football from ‘coming home’ 😂😭😂 pic.twitter.com/BCu7hAsXKg
— Footy Humour (@FootyHumour) July 6, 2021
Новинар: – Колку би ви значело тоа што би го запреле фудбалот да се врати дома?
Шмајхел: – Дали некогаш бил всушност фудбалот „дома“? Не знам, имате некогаш освоено ЕУРО?
Новинар: – Па, во 1966 година, Англија беше Светски првак.
Шмајхел: – Во ред, но тоа е Светско првенство. Зборуваме за Европско првенство.
Помеѓу навивачите и младите на интернет просторот, оваа ситуација се нарекува „упс“. Шмајхел ја отвори горливата тема за која Англичаните свесно или несвесно не ја споменуваат во прв план, но фактите и историографијата зборуваат сосема поинаку. Верувале или не, фудбалската селекција на Англија никогаш не ја покорила Европа.
Од друга страна пак, Данците во 1992 со победата на Германија во Гетеборг од 2:0, за првпат станаа шампиони и ја изненадија спортската јавност.
Фото:
д.ј