Шампионот на Шпанија летово реши да го зајакнува оној сегмент во играта каде што е најпотребно освежување. „Јорганџиите“ официјално како слободен играч го потпишаа дваесетгодишниот фудбалер на бразилски Флуминесе, Маркос Пуоло.
Пауло е репрезентативец на Португалија до 19 години, кој минатата сезона во најсилната бразилска лига постигна 14 погодоци и му „падна во око“ на Диего Чоло Симеоне. Младиот Португалец не е играч од врвот на нападот, така што Луис Суарез барем засега ќе остане осамен на таа позиција на „Ванда Метрополитано“. По вокација, Паоло ги покрива левото и десното крило во навалната линија.
🇧🇷 ¡Marcos Paulo ya es rojiblanco!
🔗 https://t.co/wjr1jQZAaR🏧 #AúpaAtleti pic.twitter.com/gqqgr98gGv
— ❤️🤍🏆 CAMPEONES 🏆❤️🤍 (@Atleti) July 5, 2021
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пауло има европски пасош и нема да зазема нон-ЕУ местото во составот на Атлетико. Црвено-белите од Мадрид се поврзуваат со повеќе имиња на трансфер пазарот. Робин Госенс од Аталанта и Пабло Сарабија од ПСЖ, претставуваат желби на Диего Симеоне пред почетокот на новата сезона и одбраната на титулата од Барселона и Реал Мадрид.
Фото:
ge.globo.com