Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце во земјава – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/21 12:24 PM

Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце во земјава

Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплатација на срце во нашава земја, открива Телма.

Причината за смртта била инфекција која настанала по операцијата.

И министерот за здравство Венко Филипче утринава ја потврди  ја потврди оваа информација за Утрински брифинг.

– Имше една тешка опѓта состојба, иако во еден момент од лекувањето имаше флуктација но и подобрување, но и влошување, но за жал псоледното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа се од себе. Не е точно и не е коректно да се кажува дека некој потфрлува во некој дел. Инфекциите во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И другите пациенти со трансплатација имале таква форма на инфекција, па се излекувале, не значи дека ако има инфекција дека дефинитивно пациентот нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има во интензивние лекувања на пациенти кои престојуваат поради друга болест, рече Венко Филипче.

Министерот  додаде дека трансплатацијата не е само оперативниот зафат, туку и постоперативниот период, менаџментот, лекувањето, затоа што тоа е еден мултидисциплинарен пристап каде повеќе лекари специјалисти учествуваат.