Неврологот Илен Рухој вели дека читањето е поважно отколку што повеќето мислат, а благотворно делува на нашиот ум, дух и тело.
Освен што не’ забавува, читањето претставува „велнес“ за нашето ментално здравје – изјави Рухој.
Читањето ја подобрува визуелната обработка на податоците
Визуелната обработка е израз за прифаќање и разбирање на светот кој го гледаме околу себе, а центарот кон управува со неа се наоѓа во задниот дел од мозокот, додека студиите покажуваат дека овој дел е многу поразвиен кај луѓето кои значително време поминуваат во читање.
Додека читаме и учиме нови работи, во мозокот се стимулираат памтењето и размислувањето, вели д-р Рудој. Кај оние кои редовно со читање го „предизвикуваат“ мозокот е забележано и поспоро нарушување на памтењето.
Читањето е добар начин за одржување на формата на мозокот, што е важно за сите возрасни групи, смета докторката.
Го намалува стресот
Многумина во денешното време се борат со хроничен стрес кој лошо влијае и на умот и на телото. Едно истражување пак, покажува дека читањето го намалува стресот дури до 68 проценти, што статистички е повлијателно од слушањето музика.
Помага во поврзувањето на невроните
Сите неврони меѓусебно комуницираат, а студиите покажуваат дека читањето ја зголемува нивната поврзаност во левиот темпорален лобус.
Невроните во тој дел од мозокот се одговорни за когнитивниот процес, појаснува д-р Рухој.
Унапредување на социјалните вештини и емпатијата
Студиите покажуваат дека читањето книги влијае на нашата емпатија, а според некои истражувања, разбирањето на разните ментални состојби на ликовите од книгите всушност влијае на нашите социјални вештини и односи, објасни докторката за Mind Body Green.
Фото: Илустрација / Designed by Freepik
Извор: vecernji.hr