Вчера околу 18.20 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за потраги при Единица за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски пат, атар на с.Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, бил лишен од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години, известуваат од МВР.
За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.