Облачно и посвежо време, со максимални 32 степени – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/21 10:47 AM

Облачно и посвежо време, со максимални 32 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне и околу пладне претежно во западните делови со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен, а повремено и засилен северозападен ветер.

Од утре следува период на стабилно време, освен во понеделник кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во пораст.