Измерена рекордна температура на Антарктикот – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/21 7:39 AM

Измерена рекордна температура на Антарктикот

Светската метеоролошка организација (СМО) потврди нова рекордна температура измерена на Антарктикот од 18,3 степени Целзиусови.

Како што е наведено на веб-страницата на „WMO“, температурата е измерена на 6 февруари 2020 година.

Пред конечната потврда за секој нов рекорд на температура, „WMO“ секогаш ја проверува точноста на мерните уреди.

Претходниот рекорд беше 17,5 степени Целзиусови и беше измерен во 2015 година.

Директорот на СМО, Петери Талас, рече дека Антарктичкиот полуостров е еден од регионите со најголемо затоплување на планетата – скоро три степени Целзиусови во последните 50 години.

Извор: Б92.нет