Кина има намера да ја испрати својата прва мисија со екипаж на Марс во 2033 година, после што ќе следат редовни летови, во согласност со долгорочен план за изградба на трајно населена база на Црвената планета и искористување на нејзините ресурси. Амбициозниот план, кој ќе ја интензивира трката со Соединетите држави во населувањето луѓе на Марс, првпат беше откриен во детали откако Кина слета роботски ровер на Марс во средината на мај, во својата инаугуративна мисија на планетата, објави Ројтерс, пренесе Танјуг. Лансирањата со екипаж до Марс се планирани за 2033, 2035, 2037, 2041 и пошироко, изјави неодамна шефот на главниот кинески производител на ракети Ванг Сјаодинг.
Пред да започнат мисиите со екипаж, Кина ќе испрати роботи на Марс да ги проучуваат можните локации за базата и изградбата на системот за извлекување ресурси, објави официјалната агенција „Кина вселенски вести“, повикувајќи се на Ванг, кој е и шеф на Кинеската академија за технологија на лансирани возила.
За населување на луѓето на Марс, екипите треба да можат да ги користат ресурсите на планетата, како што се извлекување вода под нејзината површина, генерирање кислород и производство на електрична енергија.
Кина исто така мора да развие технологија за враќање на астронаутите на Земјата.
Подготвувајќи се за овој потфат, Кина направи камп во пустина во северозападната провинција Кингхај во 2019 година, како еден вид симулација на идната база на Месечината. Кампот зафаќа површина од 702 хектари и е отворен и за туристи. Инвестирани се 23 милиони американски долари.
Планирана е мисија за 2029 година за собирање примероци на оваа планета. Идните кинески мисии без екипаж треба прво да го отворат патот за изградба на орбитална станица, а потоа и база на површината на Марс. Последниот дел од планот е формирање на „екосфера“, на која би сервирала голема флота што би летала меѓу Земјата и Марс, како и употреба на ресурси на Црвената планета, објави Спутник.
Додека мисии без екипаж ќе бидат испратени на Марс со конвенционални ракети, вселенските летала планираат да ја одржат врската помеѓу таа планета и Земјата ќе бидат изградени во орбитата и да користат нуклеарен електричен и нуклеарен термички погон.
Товарот би бил транспортиран на Марс и би слетал на планетата одделно, бидејќи би имало специјални возила што би се движеле помеѓу орбитата и површината на планетата, кои исто така би биле користени за пренесување на членови на екипажот.
„Еконосфера“ значи изградба на флота вселенски летала што би можеле повеќе пати да се искористат, како и складирање гориво во орбитата, што ќе овозможи надополнување на леталото.
Извор: Политика.рс