Ова вкусно јадење е лесно сварливо затоа е совршена храна за овие жешки летни денови. Наместо тестенини, тиквичките се сечат на парчиња, а наместо месо се додаваат неколку видови сирење
Состојки:
4 тиквички
40 гр пармезан
60 гр моцарела
230 гр рикота
Медитеранска мешавина на зачини
сос од домати (или уште подобро, сос од маринара)
маслиново масло
3 чешниња лук
копар
магдонос
сол
пипер
Подготовка:
Тиквичките исечете ги на парчиња и наредете ги на плех обложен со маслиново масло. Премачкајте ги со масло, сол и посипете ги со мешавина од медитерански зачини. Потоа печете ги 20 минути на 200 степени и оставете да се изладат целосно.
Во меѓувреме, измешајте пармезан, моцарела, рикота, сол, бибер, две лажици маслиново масло, мелен лук, копар и магдонос.
Започнете со редење на состојките во огноотпорен сад што претходно сте го премачкале со масло и сос од домати. Наредете еден ред тиквички – мешавина од сирење – сос од домати и потоа тиквички … Повторувајте го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Одозгора ставете ја ренданата моцарела и печете 25 минути на 200 степени, пренесува Атма.
Извор: 24сата.хр
Фото: Dreamstime